Познат идентитетот на македонката која намерно прегазила куче во Улцињ

Македонка уапсена во Црна Гора: Осомничена дека намерно прегазила куче, била запрена на граница при обид за бегство

 

Македонска државјанка е уапсена во Црна Гора под сомнение дека намерно прегазила и усмртила куче во Улцињ, по што се обидела да ја напушти државата, соопшти црногорската полиција.

 

Според информациите, станува збор за 46-годишната С.С., која управувала бел автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички. Случајот бил пријавен од сопственикот на кучето, кој навел дека животното било намерно прегазено на улица.

 

Полицијата веднаш започнала потрага по возилото и за кратко време ја идентификувала осомничената. Таа била запрена околу 16:40 часот на граничниот премин Сукобин – Муриќани, додека се обидувала да ја напушти Црна Гора.

 

По приведувањето, со случајот бил запознаен дежурниот државен обвинител во Основното државно обвинителство во Улцињ. По извршената истрага, било оценето дека постојат основи на сомнение за кривично дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“, по што било наредено таа да биде лишена од слобода.

 

Од местото на настанот биле обезбедени докази, а осомничената во законски предвидениот рок ќе биде изведена пред надлежното обвинителство.

 

Според неофицијални информации на црногорските медиуми, станува збор за позната скопјанка, но засега не се објавени дополнителни детали за нејзиниот идентитет.