Не му плаќале дневници – Вработен им се одмаздил на газдите по начин што нрма да им текне да го направат истото
Барал неисплатени дневници, па направил инцидент пред фирмата – сопственичката побарала помош во казино
Работник од Скопје се соочува со кривична постапка откако, според обвинителството, предизвикал сериозен инцидент пред фирмата во која бил вработен, незадоволен поради неисплатени дневници.
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е поведена постапка против 30-годишен маж, осомничен за кривичното дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Според истрагата, инцидентот се случил на 21 јули во попладневните часови во селото Трубарево. Осомничениот го пресретнал автомобилот во кој се наоѓале сопружници, сопственици на компанијата каде што работел, барајќи да му бидат исплатени заостанатите дневници. Во текот на расправијата упатувал закани, а било оштетено и едно од тркалата на нивниот автомобил.
Додека сопственикот се обидувал да ја смири ситуацијата, неговата сопруга избегала во блиското казино, од каде што веднаш повикала полиција.
Јавниот обвинител предложил до Основниот кривичен суд Скопје да му бидат изречени мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа, како и забрана за приближување и контакт со оштетените.