Трагедија во скопско: 55-годишна жена пронајдена почината. Ја нашле…
Трагедија во скопско: 55-годишна жена пронајдена почината во коритото на селската чешма
Педесетипетгодишна жена од скопското село Копаница е пронајдена почината во коритото на селската чешма, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 24 јули околу 17:00 часот во СВР Скопје. На местото била пронајдена почината Ќ.А. (55), жителка на селото, за која е наведено дека имала здравствени проблеми.
Лекар од Итната медицинска помош излегол на местото на настанот и ја констатирал смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини и околностите на смртта. Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.