Пронајден човечки череп во близина на македонско-албанската граница

Пронајден човечки череп во близина на македонско-албанската граница, полицијата спроведува истрага

Човечки череп и други човечки остатоци биле пронајдени во близина на македонско-албанската граница, во атарот на селото Лабуништа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, на 25 јули полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа, при редовни активности во реонот на Подгоречкото Езеро, забележале човечки череп и други предмети за кои се претпоставува дека се поврзани со случајот.

За настанот веднаш бил известен јавен обвинител, а на местото бил извршен увид од надлежните служби. Пронајдените остатоци се подигнати за понатамошна форензичка и судско-медицинска анализа.

Надлежните институции преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето, како и за расветлување на сите околности под кои човечките останки завршиле на оваа локација.

Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на вештачењата и официјалните анализи.