Неверојатна глетка: Снег во Македонија среде јули

Неверојатна глетка: Снег падна на Попова Шапка среде јули

 

Иако сме во екот на летото, денеска (24 јули) на повисоките делови на Шар Планина, над Попова Шапка, падна снег.

 

Необичната појава следува по наглото влошување на временските услови, кое донесе значително заладување и врнежи на повисоките планински предели.

 

Снегот кон крајот на јули е исклучително ретка појава за овој период од годината, а белата покривка на врвовите на Шар Планина привлече големо внимание.

 

Според метеоролошките прогнози, студениот и нестабилен воздух на повисоките надморски височини овозможил да се создадат услови за појава на снег, иако во пониските делови од земјата преовладуваат дожд и посвежо време.