Американски државјанин пронајден мртов во хотел во центарот на Скопје

Американски државјанин пронајден мртов во хотел во центарот на Скопје

43-годишен државјанин на САД е пронајден без знаци на живот во хотелска соба во центарот на Скопје, информираат надлежните институции.

Според првичните информации, случајот бил пријавен откако лицето не одговарало на повиците, по што било пронајдено во собата. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која ја констатирала смртта.

Лекарот што извршил првичен преглед не констатирал видливи траги на насилство врз телото, што засега не укажува на насилна смрт. Сепак, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ја утврди точната причина за смртта.

Полицијата извршила увид во хотелската соба и презема мерки за целосно расчистување на околностите под кои починал американскиот државјанин.

Истрагата е во тек, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на обдукцијата и официјалните наоди на надлежните органи.