Херојски чин заврши со трагедија: Скокнал да спаси дете, па исчезнал во длабочините на езерото Гарда
Херојски чин заврши со трагедија: Скокнал да спаси дете, па исчезнал во длабочините на езерото Гарда
Веќе четири дена трае интензивната потрага по романскиот државјанин Александар, кој исчезнал во езерото Гарда во Италија, откако храбро скокнал во водата за да спаси седумгодишно дете.
Според италијанските медиуми, тој без двоумење реагирал кога забележал дека детето се наоѓа во опасност. Успеал да му помогне, но за време на спасувачката акција најверојатно останал без сила или му се слошило, по што исчезнал под површината на езерото.
Во обемната потрага учествуваат нуркачки тимови, крајбрежната стража, пожарникари и спасувачки служби. Во акцијата се користат и хеликоптери, како и сонарна опрема за пребарување на дното.
Спасувачите се соочуваат со исклучително тешки услови, бидејќи местото каде што исчезнал Александар е подлабоко од 50 метри, што значително ја отежнува потрагата. Засега, од него нема никаква трага.