Хорор во Македонско село во Албанија. Стрелал кон семејството на поранешната сопруга. Y6иство и киднапирање

Вистински хорор се случуваше денес во Росковец, Албанија, село во Област Голо Брдо, во кое живеат мнозинство македонско насаление.

По убиството на поранешниот тест: Осомничениот плачел и тврдел дека му зеле 730.000 фунти

 

Нертил Бузи, осомничен дека го убил поранешниот тест и ја ранил поранешната тешта во селото Видиште, во близина на албанскиот град Росковец, сè уште е во бегство.

 

Според информациите на албанските медиуми, 35-годишниот Бузи тврдел дека изгубил сума од 730.000 фунти и дека за тоа биле одговорни членовите на семејството на неговата поранешна партнерка.

 

По нападот, тој побегнал од местото на настанот, носејќи го со себе и огненото оружје со кое се сомничи дека го извршил злосторството.

 

Како што пренесуваат медиумите, Бузи во еден момент бил забележан како плаче и ги обвинувал роднините на поранешната партнерка за исчезнувањето на парите.

 

„Тие ми го направија ова, ми зедоа 730.000 фунти“, наводно изјавил осомничениот.

 

Тешкиот инцидент се случил утрово, кога Бузи со ловечка пушка пукал кон својот поранешен тест, 55-годишниот Арбен Плака. Тој починал од здобиените повреди, додека неговата сопруга Белере Плака била ранета.

 

По нападот, осомничениот ја зел како заложник и својата поранешна партнерка. Неколку часа подоцна тој ја ослободил, откако специјалните полициски сили РЕНЕА го опколиле поширокото подрачје.

 

Од утринските часови трае голема полициска акција за пронаоѓање и апсење на 35-годишникот. Во потрагата се вклучени припадници на Специјалната оперативна единица, Националните безбедносни сили РЕНЕА, Единицата за брза интервенција и локалната полиција од Фиер.

 

Операцијата е главно концентрирана во селото Червен, во близина на границата со областа Малакастра и недалеку од селото Дрение, каде што постојат сомнежи дека Бузи се крие.

 

Теренот интензивно се пребарува од копно, додека од воздух се користат и дронови.

 

Полицијата соопшти дека потрагата продолжува и апелираше до граѓаните веднаш да пријават доколку располагаат со каква било информација што би можела да помогне во пронаоѓањето на осомничениот.