Ветувал странски пасош, земал 9.000 евра – Како 32 годишен “преварант” измамил жена – Детали
Ветувал странски пасош, земал 9.000 евра: Уапсен 32-годишен измамник од Кавадарци
Полицијата уапси 32-годишен жител на Кавадарци под сомнение дека измамил 50-годишна жена од Куманово за вкупно 9.000 евра, лажно ветувајќи ѝ дека ќе посредува за добивање странски пасош.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот најпрво побарал 400 евра за наводната постапка, но потоа во повеќе наврати барал дополнителни суми, убедувајќи ја жената дека се потребни уште пари. За краток период таа му предала вкупно 9.000 евра.
При полициската акција, извршена на Градскиот плоштад во Кавадарци, кај осомничениот биле пронајдени 2.000 евра што непосредно претходно ги зел од оштетената. Парите биле претходно обележани од полициските службеници.
Осомничениот бил приведен и изведен пред јавен обвинител, каде што го признал делото.
По целосното расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за измама.