Албански кардиолог откри производ за кој ги ублажува последиците од вакцините против Ковид 19?!

Големо тврдење од Албанија, Кардиологот Едвин Прифти претстави „Spike Protect“, производ за кој тврди дека ги ублажува последиците од Ковид и вакцините

 

ТИРАНА – Албанскиот кардиолог Едвин Прифти објави дека по повеќегодишна работа развил биолошка молекула наречена „Spike Protect“, за која тврди дека може да ги ублажи ефектите на spike-протеинот поврзан со Ковид-19 и да помогне кај долготрајните последици од инфекцијата, како и кај несаканите ефекти што, според него, можат да се јават по вакцинацијата.

 

Во објава на социјалните мрежи, Прифти соопшти дека производот добил регулаторно одобрување во Европската Унија и дека во наредните недели ќе биде достапен на европскиот пазар, вклучително и во Албанија. Тој додава дека патентот го отстапил без надомест на шпанската индустрија, со цел производот да се продава по што е можно пониска цена и да биде достапен за што поголем број луѓе.

 

„По неколкугодишна работа, конечно го добивме регулаторното одобрување за Spike Protect. Се надевам дека овој производ ќе помогне во спречување на компликациите поврзани со Ковид-19 и кај лицата со Long Covid“, напиша Прифти.

 

Тој им се заблагодари на компаниите Zion Pharmaceutical и Martinez Nieto S.A. за соработката и нагласи дека производот наскоро ќе се најде во продажба.

 

Инаку, Прифти беше меѓу првите лекари во Албанија кои јавно зборуваа за можните несакани ефекти од вакцините против Ковид-19. Во изминатите години тој беше предмет и на судска постапка во Албанија по обвиненија за корупција додека раководеше со Одделот за кардиохирургија во Универзитетскиот болнички центар во Тирана.

 

Тврдењата за ефикасноста на „Spike Protect“ се засноваат на изјавите на Едвин Прифти. Во моментот нема јавно достапни независни клинички докази или официјални информации од европските здравствени регулаторни тела што ги потврдуваат наведените тврдења за ефикасноста на производот.