ТРАГЕДИЈА ВО СВЕТОТ НА УБАВИНАТА: Финалистка на Мис Универзум пронајдена мртва на само 23 години
ТРАГЕДИЈА ВО СВЕТОТ НА УБАВИНАТА: Финалистка на Мис Универз пронајдена мртва на само 23 години
Светот на изборите за убавина е потресен од трагичната вест за смртта на Валис Фуентес Акино, финалистка на изборот Miss Universe Tegucigalpa, која била пронајдена мртва во својот дом во главниот град на Хондурас.
23-годишната девојка ја пронашле членовите на нејзиното семејство, откако неколку дена не можеле да стапат во контакт со неа.
Локалните власти отворија истрага и засега не исклучуваат ниту една можност. Се испитува дали станува збор за кривично дело, но се разгледуваат и можни природни или здравствени причини за смртта.
Организацијата Miss Universe Tegucigalpa ја потврди трагичната вест преку социјалните мрежи, изразувајќи длабоко сочувство до семејството и блиските на младата финалистка.
Валис Фуентес Акино оваа година го освои второто место на изборот Miss Universe Honduras 2026, а организаторите ја опишаа како позитивна, харизматична личност која секогаш им давала поддршка на останатите натпреварувачки.
Истрагата за нејзината смрт е во тек, а надлежните институции најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршувањето на обдукцијата и останатите вештачења.