СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА – Загинаа три патници, откако автомобил излетал од патот и завршил во канал кај Нови Сад
СТРАВИЧНА НЕСРЕЌА КАЈ НОВИ САД: Автомобил излетал од патот и завршил во канал, загинаа тројца патници
Три лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Нови Сад, откако автомобил излетал од коловозот, се превртел и завршил во канал исполнет со вода.
Според првичните информации, автомобилот од марката „Фолксваген Голф“ го управувал 32-годишен маж, кој на остра кривина, од засега неутврдени причини, изгубил контрола над возилото. По излетувањето од патот, автомобилот се превртел на покрив и останал потопен во каналот.
Се претпоставува дека несреќата се случила во текот на ноќта, но останала незабележана со часови. Возилото било откриено дури кога случајни минувачи забележале траги од кочење и делови од автомобил покрај патот, по што веднаш ги известиле надлежните служби.
На местото на несреќата пристигнале полициски екипи, Итната медицинска помош и пожарникари, кои ги извлекле телата на тројцата патници. Лекарите само ја констатирале нивната смрт.
Според неофицијални информации, жртвите најверојатно се враќале од риболов кога се случила трагедијата.
Надлежните органи извршија увид на местото на несреќата, а истрагата треба да утврди дали за трагичниот исход придонеле брзината, состојбата на патот или други околности.