МИСТЕРИОЗНО: Полицаец тврдел дека сопругата починала за време на на водење лубов, лекарите откриле поинаква вистина

МИСТЕРИОЗНА СМРТ ВО БРАЗИЛ: Полицаец тврдел дека сопругата починала за време на секс, лекарите откриле поинаква вистина

 

Воен полицаец во Бразил е уапсен откако неговата сопруга, која исто така била полициска службеничка, била донесена без знаци на живот во болница.

 

37-годишниот Едуардо О. изјавил дека неговата 41-годишна сопруга Мишеле Леао А. починала по сексуален однос со заемна согласност. Сепак, лекарите утврдиле дека жената била мртва неколку часа пред да биде донесена во болницата.

 

Според медицинските наоди, на телото на 41-годишната биле забележани повеќе повреди, меѓу кои повреди на главата, хематоми, повреди на нозете и исеченици. Точните околности под кои настапила смртта сè уште се предмет на истрага.

 

За време на распитот, осомничениот изјавил дека двајцата консумирале алкохол и екстази, тврдејќи дека повредите настанале за време на интимен однос со согласност, а дека сопругата во еден момент паднала по скалите и ја удрила главата.

 

Според неговата верзија, тој ѝ помогнал да стигне до спалната соба, а подоцна забележал дека не реагира, по што ја однел во болница.

 

Полицијата го уапсила уште истата вечер, а при претресот на нивниот дом биле запленети повеќе докази, меѓу кои и скршен дрвен предмет, како и други предмети што би можеле да помогнат во истрагата.

 

Семејството на починатата тврди дека нивниот брак бил исполнет со психичко насилство, понижување и контрола. Нејзината мајка изјавила дека парот повеќепати се разделувал и повторно се смирувал, а дека Мишеле неодамна сакала целосно да ја прекине врската.

 

Телото на 41-годишната е испратено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта, додека истрагата продолжува.