Голема трагедија. Две деца се удавија додека пловеле заедно со бабата и дедото во Њу Џерси
ТРАГЕДИЈА ВО ЊУ ЏЕРСИ: Две деца се удавија по судир на чамец со пловен знак
Трагична несреќа се случи во американската сојузна држава Њу Џерси, каде што две деца го загубија животот откако чамецот со кој пловеле удрил во пловен знак во канал.
Според американските медиуми, деветгодишно девојче и седумгодишно момче биле исфрлени во водата кога чамецот Tidewater Custom 280 удрил во навигациски знак на Intracoastal Waterway, во близина на Berkeley Township, во саботата вечерта.
Според Државната полиција на Њу Џерси, 63-годишниот Стивен Шнајдер, кој управувал со чамецот, и 64-годишната Лори Шнајдер ги пронашле децата без знаци на живот во водата. Американските медиуми наведуваат дека двојката најверојатно е бабата и дедото на загинатите деца.
Според локални извори, непосредно пред несреќата групата престојувала во ресторанот MJ’s Restaurant Bar and Grill, по што тргнале на пловење.
Децата итно биле пренесени во болница, но лекарите не успеале да ги спасат и биле прогласени за починати.
Од Државната полиција на Њу Џерси соопштија дека несреќата се случила на 19 јули околу 21:09 часот, а истрагата за причините за трагедијата е во тек.