Маж го плукна унгарскиот премиер Петер Маѓар, неговата реакција изненади многумина (ВИДЕО)
Маж го плукна унгарскиот премиер Петер Маѓар, неговата реакција изненади многумина (ВИДЕО)
Во средата наутро, унгарскиот премиер Петер Маѓар и министерот за транспорт и инвестиции Давид Витези одржаа прес-конференција посветена на Планот за развој на железничката инфраструктура. Но, непосредно пред почетокот на настанот се случил инцидент, пренесуваат унгарските медиуми.
Маѓар и Витези пристигнале на прес-конференцијата со воз. Пред поаѓањето, на железничката станица Њугати во Будимпешта, непознат маж му пришол на премиерот и го плукнал.
Наместо да возврати со навреди или расправија, Маѓар мирно му одговорил:
„Ви посакувам добро здравје.“
Инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, а видеото од случувањето предизвика бројни реакции во јавноста.