По 6 години позната судбината на исчезнатата медицинска сестра. Сопругот признал све

ЈА УБИЛ СОПРУГАТА, ПА ШЕСТ ГОДИНИ ЈА КРИЕЛ ТАЈНАТА: Конечно откри каде го закопал телото

 

Речиси шест години по мистериозното исчезнување на француската медицинска сестра Делфин Жибилар, случајот доби драматичен пресврт. Нејзиниот сопруг Седрик Жибилар, кој минатата година беше осуден за убиство, конечно признал дека е одговорен за нејзината смрт и им покажал на истражителите каде го закопал нејзиното тело.

 

Француското обвинителство во Тулуз соопшти дека пронајдените човечки останки, откриени неодамна, преку ДНК анализа биле потврдени како останки на 33-годишната Делфин Жибилар.

 

Таа исчезна во декември 2020 година од селото Кањак-ле-Мин, во близина на Алби, во јужна Франција, за време на ограничувањата поради пандемијата на Ковид-19. Нејзиното исчезнување тогаш го пријавил токму нејзиниот сопруг, тврдејќи дека двајцата биле во постапка за развод.

 

Во текот на истрагата било утврдено дека нивниот брак бил исполнет со конфликти и дека сопругот повеќепати ѝ се заканувал на Делфин.

 

Иако телото долго време не беше пронајдено, Седрик Жибилар беше изведен пред суд. Тој до последен момент ја негирал вината, а во октомври минатата година беше осуден на 30 години затвор за убиството на сопругата.

 

На почетокот на јули годинава случајот добил неочекуван пресврт. Жибилар признал дека ја убил сопругата и ги одвел истражителите до местото каде што го закопал телото – на нива во близина на шума, околу 10 километри од нивниот семеен дом.

 

Зад Делфин останаа нивните две малолетни деца, а случајот со години ја потресуваше француската јавност.