Рафали кон фирма во Тетово: МВР со детали
Пукотници кон фирма во Тетово: Испукани најмалку 11 куршуми, оштетени објект и возила
Вистинска драма се случила во текот на ноќта во Тетово, откако засега непознати лица отвориле оган кон деловен објект.
Според пријавата, 42-годишниот сопственик на компанијата ја известил полицијата дека неговата фирма била цел на вооружен напад. По извршениот увид, полициските службеници пронашле 11 чаури од огнено оружје.
Во нападот биле оштетени деловниот објект и неколку возила кои се наоѓале во близина.
Полицијата презема интензивни мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителите, а истрагата е во тек.