ТРАГЕДИЈА НА ОДМОР: Татко почина пред очите на сопругата и ќерката откако се спушти по воден тобоган
ТРАГЕДИЈА НА ОДМОР: Татко почина пред очите на сопругата и ќерката откако се спушти по воден тобоган
Голема трагедија ја потресе шпанската Ибица, откако британски турист го загуби животот за време на семејниот одмор, откако се спуштил по воден тобоган во хотелскиот базен.
Според странските медиуми, мажот не се појавил повторно на површината на водата, а сè се случувало пред очите на неговата сопруга и ќерката, кои во тој момент го набљудувале.
Несреќата се случила во хотел во познатото туристичко место Кала Тарида, на западниот брег на Ибица. Откако било забележано дека туристот е во сериозни потешкотии во базенот, веднаш биле повикани службите за итна помош.
Хотелскиот персонал веднаш започнал со кардиопулмонална реанимација (CPR) и употребил автоматски дефибрилатор, откако било утврдено дека мажот доживеал срцев застој. И покрај сите напори на медицинските екипи, неговиот живот не можел да биде спасен и лекарите констатирале смрт на местото на настанот.
Шпанската полиција отвори истрага за околностите под кои дошло до трагедијата. Инцидентот се случил околу 11:30 часот во саботата, а засега не се објавени дополнителни детали за идентитетот на починатиот.
Овој случај повторно ја отвори темата за безбедноста на базените во туристичките центри. Во текот на изминатиот месец, во Шпанија се регистрирани неколку трагични давења, меѓу кои и четири деца од Велика Британија кои ги загубиле животите во базени. Меѓу нив е и тригодишно девојче, кое било пронајдено како плови со лицето надолу во базен на куќа за одмор на Мајорка, но и покрај обидите на лекарите не успеало да преживее.