Трагедија: Петгодишно момче се удави во аква парк во Смедерево
Трагедија во Србија: Петгодишно момче се удави во аква парк во Смедерево
Петгодишно момче трагично го загуби животот во аква паркот „Југово“ во Смедерево, Србија. Несреќата предизвика шок и тага, а надлежните институции започнаа истрага за да ги утврдат сите околности под кои се случила трагедијата.
По несреќата, застапниците на аква паркот изразија длабоко сочувство до семејството на детето, истакнувајќи дека загубата е ненадоместлива и дека безбедноста на посетителите, особено на децата, отсекогаш била нивен највисок приоритет.
Во соопштението се наведува дека аква паркот, покрај исполнувањето на законските обврски, ангажирал и поголем број спасувачи од минимално пропишаниот, со цел максимално да се намали ризикот од несреќи.
Од управата порачаа дека целосно ја поддржуваат истрагата и ќе им ја стават на располагање на надлежните органи целата документација и сите информации потребни за целосно расветлување на случајот.
Истовремено, тие апелираа да се почитува принципот на пресумпција на невиност и да не се носат избрзани заклучоци за евентуална кривична одговорност пред да заврши истрагата.
Надлежните органи продолжуваат со собирање докази, а јавноста ги очекува официјалните резултати кои треба да покажат како дошло до оваа трагична несреќа.