Голем скандал: Местени натпревари на Светското првенство 2026?!

Почна истрага за можно местење натпревари на Светското првенство 2026

 

Започната е истрага поради сомнежи за можно местење на натпревари за време на Светското првенство 2026.

 

Според извештај на Советот на Европа, идентификувани се неколку сомнителни инциденти, меѓу кои и црвениот картон на Темба Зване на натпреварот против Мексико.

 

Во извештајот се наведува и дека биле регистрирани повеќе од 4,5 милиони американски долари сомнителни активности поврзани со спортско обложување.

 

Надлежните институции ги разгледуваат околностите и проверуваат дали некој од натпреварите на Мундијалот бил предмет на манипулација, но засега нема официјална потврда дека било кој натпревар навистина бил наместен.