Сејдини излегува од притвор по 92 дена – Шкодран Алили ја соопшти веста

Сејдини излегува од притвор по 92 дена – Шкодран Алили ја соопшти веста

 

По 92 дена поминати во притвор, Мухамед Сејдини од денеска ќе се брани од слобода, соопшти Шкодран Алили преку објава на социјалните мрежи.

 

Алили им се заблагодари на сите кои, како што наведе, во текот на изминатите три месеци покажале солидарност, поддршка и доверба.

 

„Денес сакам со вас да ја споделам оваа радост, исто како што ги споделувавме и најтешките денови. Од денес Мет Браја ќе се брани од слобода. Народот вели: ‘Правдата доцни, но не заборава’“, напиша Алили.

 

Тој истакна дека Сејдини останал цврст и достоинствен во текот на целиот процес и дека не се откажал од своите убедувања.

 

„Денес е ден на радост, но и доказ дека вербата, истрајноста и правдата, на крајот, победуваат“, порача Алили во својата објава.

 

Засега не се објавени дополнителни информации за судската постапка, но според објавата, Сејдини ќе ја продолжи својата одбрана додека е на слобода.