ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВО: 37-годишен маж загина во пожар што избувнал во неговиот стан
ТРАГЕДИЈА ВО КИЧЕВО: 37-годишен маж загина во пожар што избувнал во неговиот стан
Трагичен настан го потресе Кичево, откако 37-годишен жител на градот го загуби животот во пожар што избувнал во неговиот стан.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 18:55 часот, кога Територијалната противпожарна единица во Кичево добила дојава за пожар во стан на улицата „4 Јули“.
По интервенцијата, пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, а при пребарувањето на станот било пронајдено безживотното тело на 37-годишниот С.С. од Кичево.
Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, додека увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Кичево.
Засега не се соопштени причините за избувнувањето на пожарот, а надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.