Срушен рекордот за алкохол. Возач од Кочани ги “разби” сите

РЕКОРД НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Возач фатен со дури 4,35 промили алкохол во крвта

 

Полицијата приведе 26-годишен возач, откако бил затекнат како управува автомобил под силно дејство на алкохол, при што му биле измерени дури 4,35 промили алкохол во крвта, што претставува една од највисоките регистрирани вредности.

 

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил вчера (20 јули) околу 15:05 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево.

 

Полициски службеници од ОВР Делчево сопреле патничко возило „Ровер“ со беровски регистарски таблички, управувано од А.Т. (26) од селото Митрашинци, Општина Берово.

 

При извршената контрола било утврдено дека возачот управувал возило под дејство на алкохол, а алкотестирањето покажало 4,35 промили алкохол во крвта.

 

Возачот веднаш бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

 

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските прописи.

 

Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да не управуваат возило под дејство на алкохол, бидејќи со тоа сериозно се загрозуваат сопствениот и животите на останатите учесници во сообраќајот.