ХОРОР: Jа y6ил сопругата, па исчезнал – полицијата трага по осомничениот во Словенија

ХОРОР ВО СЛОВЕНИЈА: Со нож ја убил сопругата, па исчезнал – полицијата трага по осомничен од БиХ

 

Словенија е потресена од тешко убиство, откако 39-годишен државјанин на Босна и Херцеговина е осомничен дека ноќеска ја убил својата сопруга со нож, по што побегнал од местото на злосторството. Полицијата спроведува интензивна потрага по осомничениот и апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни.

 

Според информациите од Полициската управа Цеље, трагедијата се случила во близина на Вухред, на подрачјето на општината Радље об Драва. Веднаш по пријавата биле ангажирани полициски екипи кои започнале обемна потрага по бегалецот.

 

Од полицијата упатија јасен апел до јавноста: доколку некој го забележи осомничениот, да не се обидува да му се приближува или да го запре, туку веднаш да ја извести полицијата.

 

Според словенечките медиуми, осомничениот има постојан престој во Словенија, а се сомничи дека смртоносниот напад го извршил со нож.

 

Неофицијални информации говорат дека непосредно пред трагедијата останал без работа, но засега не е потврдено дали тоа е поврзано со мотивот за злосторството.

 

Истрагата е во тек, а словенечката полиција продолжува со потрагата по осомничениот.