Y6иен и запален познат спортски новинар: Неговото тело пронајдено во изгорена состојба во областа Салерно

Y6ИЕН И ЗАПАЛЕН ПОЗНАТ СПОРТСКИ НОВИНАР: Неговото тело пронајдено во изгорена состојба

 

Италија е потресена од бруталното убиство на познатиот спортски новинар Луиџи Еспозито, познат како Лука Еспозито, чие тело било пронајдено изгорено во близина на градот Еболи, во областа Салерно.

 

Телото го пронашле пожарникари кои интервенирале по пријава за пожар во обрасната површина. Поради тешките изгореници, на почетокот не можело да се утврди ниту идентитетот, ниту полот на жртвата.

 

Според првичните информации од истрагата, Еспозито најпрво бил застрелан, а потоа неговото тело било запалено. Карабинерите на местото на злосторството пронашле неколку чаури, кои ќе бидат предмет на вештачење.

 

Истрагата добила значителен напредок по пронаоѓањето на автомобилот на новинарот, што им овозможило на истражителите да ги реконструираат неговите последни движења пред убиството. Случајот го води Обвинителството во Салерно, предводено од обвинителот Рафаеле Кантоне.

 

Лука Еспозито беше добро познато име во италијанското спортско новинарство. Тој имаше дипломи по биологија и книжевност, работеше за весникот „La Città di Salerno“, телевизијата „Otto Channel“ и беше уредник на спортскиот портал „Tuttosalernitana.com“.

 

Неговата смрт предизвика шок кај колегите и пријателите, кои го опишуваат како храбар, директен и бескомпромисен новинар, секогаш подготвен јавно да ги брани своите ставови.

 

Директорот на „Otto Channel“, Пјерлуиџи Мелило, изјави дека веста за смртта на Еспозито длабоко го потресла целиот колектив, истакнувајќи дека тој бил коментатор со силен карактер и препознатлив стил, кој никогаш не бил банален во своите анализи.

 

Италијанските власти продолжуваат со интензивна истрага за да го утврдат мотивот за убиството и да ги идентификуваат сторителите.