Загина маж откако со пријатели си фрлале рачна бомба во двор во Панчево
Трагедија во Србија: Загина маж откако со пријатели си фрлале рачна бомба во двор
Страшна трагедија се случила синоќа во близина на Панчево, Србија, каде што едно лице загинало, а уште две се повредени по експлозија на рачна бомба во дворот на семејна куќа.
Според информациите од српското Министерство за внатрешни работи, експлозијата била предизвикана од активирање на експлозивна направа. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот, го обезбедила теренот и започнала истрага во координација со Вишото јавно обвинителство во Панчево.
Неофицијално, трагедијата се случила за време на дружење на неколку мажи во дворот на куќата, каде што имало музика и забава. Според истите извори, во еден момент тројцата почнале да си префрлаат рачна бомба, која ненадејно експлодирала.
Во експлозијата животот го загубил Драган П., кој починал на местото на несреќата, додека другите двајца мажи се здобиле со повреди и биле пренесени во болница, каде што им е укажана лекарска помош.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности под кои дошло до несреќата, како и начинот на кој експлозивната направа се нашла кај присутните.