Зградите се тресат како да се од картон. Сташни снимки од земјотресот 7.4 во…

ВИДЕО: Моќен земјотрес од 7,4 степени го погоди Мексико – зградите силно се нишаа, издадено предупредување за цунами

 

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Мексико, предизвикувајќи вознемиреност кај населението и материјална штета во погодените подрачја.

 

На социјалните мрежи се појавија бројни видеоснимки на кои се гледа силата на потресот. На нив може да се забележи како зградите се нишаат, дрвјата се тресат, а возилата и инфраструктурата се погодени од силните вибрации, особено во државата Оахака.

 

Надлежните служби веднаш започнаа со проверки на терен, додека граѓаните беа повикани да останат внимателни поради можност од дополнителни потреси.

 

Според засега достапните информации, нема официјално потврдени податоци за загинати или повредени лица. По силниот земјотрес, надлежните институции издадоа и предупредување за можно цунами, а ситуацијата внимателно се следи.