ТРАГЕДИЈА во Германија: Почина млад студент од Крушево

ТРАГЕДИЈА: Почина студентот на Универзитетот во Тетово, Емре Назиф од Крушево

 

Универзитетот во Тетово со длабока тага ја соопшти веста за трагичната смрт на својот студент Емре Назиф од Крушево, кој го загубил животот во Германија.

 

Во телеграмата со сочувство, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Куштрим Ахмети, го опиша Емре како примерен студент на Катедрата за англиски јазик, препознатлив по својата мудрост, посветеност кон студиите, културно однесување и високи човечки вредности.

 

„Емре ќе остане во сеќавањето на професорите, студентите и на сите оние кои ја имале привилегијата да го познаваат“, се наведува во телеграмата.

 

Во име на Универзитетот во Тетово, ректорот Ахмети упати најискрено сочувство до семејството Назиф, роднините, пријателите, колегите и целата академска заедница.

 

Тој изрази надеж дека семејството ќе најде сила да се справи со оваа тешка и ненадоместлива загуба.

 

„Вечен нека биде неговиот спомен“, се наведува на крајот од телеграмата со сочувство.